20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата банка во еврозоната ја забележа својата прва загуба во својата 163-годишна...

Најголемата банка во еврозоната ја забележа својата прва загуба во својата 163-годишна историја

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 ја турка големата шпанска банка „Santander“ длабоко во зоната на загуба.

„Banco Santander SA“ ја објави првата загуба во својата 163-годишна историја и најлошиот резултат за европска финансиска компанија, откако здравствената криза ја принуди да отпише голем дел од вредноста на својот бизнис ширум светот.

Како што соопшти најголемата банка во еврозоната според пазарната капиталиација, нивната рекордна загуба изнесува 11,1 милијарди евра. Ова е втора најголема загуба за европска банка по загубата што ја објави италијанската „UniCredit SpA“ на крајот на 2016-та година од 13,6 милијарди евра.

Поради влошената економска перспектива, „Santander“ отпиша 12,6 милијарди евра од претходните аквизиции. Шпанската банка, која забележа крај на своите успеси, е особено погодена од кризата, бидејќи Шпанија и Бразил се меѓу најважните пазари. Двете се меѓу државите кои се најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот ширум светот.

Шпанската банка ја плаќа цената за брзиот раст во областите кои се силно погодени од пандемијата – како што се британското кредитирање на потрошувачи и нискокаматните кредити во САД – со отпис на средства во износ од 14,8 милијарди американски долари, што се одразува на влошените економски изгледи.

Отписите нема да влијаат на капиталниот тампон, којшто се зголеми некаде во вториот квартал, објасни „Santander“. Со исклучок на отписите, профитот падна за 27 проценти на 1,53 милијарди евра. Банката планира на акционерите да им исплати дивиденда од десет центи по акција во 2019-та година во форма на уверенија за акции.

Целосното влијание на влошената економија ќе го вршат потрошувачите и компаниите дури подоцна во оваа година, откако ќе завршат програмите за државна помош. Повеќе од третина од надоместоците за оштетување на „Santander“ одат во нејзиниот американски бизнис, кој банката го има изградено преку аквизиции на „Abbey National Plc“ , „Alliance“ и „Leicester Plc.“. Во Соединетите држави, нејзиниот бизнис за купување автомобили обично им дава заеми на потрошувачите со лоши или нецелосни кредитни истории кои се особено ранливи на невработеноста.

Акциите на „Santander“ паднаа за 5,8% во Мадрид на почетокот на сесијата и падот продолжи за уште 3,4%. Банката забележа пад на пазарната вредност од 45% во оваа година, што ја прави една од најлошите финансиски институции на континентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП