25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПознатиот малопродажен ланец гаси работни места

Познатиот малопродажен ланец гаси работни места

Еден од столбовите на британскиот сектор за малопродажба, ланецот Marks&Spenser, објави дека планира да намали 950 работни места, пренесува BBC.

Трговската куќа изјави дека предложениот план за реструктуирање ќе влијае на 950 работни места во централните функции за поддршка на терен и во централното работење во управувањето со средствата и управувањето со продавниците.

Како што е наведено, компанијата започна консултации со „група претставници на вработените“ кои ќе понудат доброволно заминување на работниците од позициите кои се погодени.

Продавниците за храна M&S работеа во текот на целата вонредна состојба во Британија, но продавниците во другите области на бизнисот претрпеа сериозен пад.

Компанијата во мај објави дека продажбата на облека паднала за над 80 проценти, на најниско ниво во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП