12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKFC планира да понуди пилешко направено со 3Д принтер

KFC планира да понуди пилешко направено со 3Д принтер

Глобалниот ланец на ресторани KFC има намера први во светот да служат пилешки производи направени во лабораторија. За остварување на таа цел, тие побараа помош од Русите и нивните 3Д принтери.

Овие видови производи KFC планира да ги служи во „рестораните на иднината“, соопштено е од оваа компанија. Тие се обидуваат да го постигнат тоа во соработка со руската компанија 3D Bioprinting Solutions, која би требало да го „испечати“ пилешкото месо, пишува порталот The Verge.

При тоа „печатените“ намирници од пилешко би требало да го имаат добро познатиот KFC вкус.

Вака направените намирници би требало да бидат еколошки прифатливи, уверуваат од KFC, а повикувајќи се на студии кои укажуваат дека конвенционалниот начин на производство на месо е штетен за животната средина.

„3Д биопринтањето е широко користено во медицината, а сега се повеќе се користи во производство на храна“, кажа еден од основачите на 3Д Bioprinting Solutions, Јусеф Кесуани.

Се надева дека понатамошниот развој на оваа технологија ќе го забрза производството на вакви намирници.

Колка о е значењето на 3Д принтањето, се гледа во фактот дека истражувачите од Универзитетот во Калифорнија „испринтале“ човечки орган наменет за трансплантација. Меѓутоа, се претпоставува дека ќе треба уште долго време овој печатач да направи орган кој ќе биде функционален.

Од KFC соопштија дека нивните грутки направени со 3Д печатач ќе бидат на финално тестирање во Москва оваа есен.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП