1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„British Airways“ ја повлекува целата своја флота на авиони „Boeing 747“

„British Airways“ ја повлекува целата своја флота на авиони „Boeing 747“

Aвио-превозникот „British Airways“, кој во моментов е најголемиот оператор на „Boeing 747“, објави дека ќе ја повлече целата своја флота од познатиот модел авиони порано од очекуваното, како резултат на кризата со коронавирусот, пренесува „CNBC“.

Авиокомпанијата, која е во сопственост на „International Consolidated Airlines Group“, првично планирала да ги деактивира авионите до 2024-та година. Но, ограничените патувања поради ковид-19 ја натера компанијата овој чекор да го превземе порано.

„Потврдуваме со голема тага дека предлагаме повлекување на целата флота на моделот „747“ и тоа веднаш“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

„Малку е веројатно дека нашата величествена „кралица на небото“ повторно ќе оперира со патничките услуги за „British Airways“, а причина за тоа е намалувањето на патувањата предизвикани од глобалната пандемија со ковид-19“, велат од компанијата.

„British Airways“ најави дека наместо овој модел за летовите ќе користи „модерени и авиони со пониска потрошувачка на гориво“, вклучувајќи ги и „Airbus А350“ и „Boeing 787“.

Компанијата започна да го употребува овој модел во раните 1970-ти и ја прифати испораката на тековната флота од „747-400“ помеѓу 1989-та и 1999-та година. Во своите најдобри времиња, авиокомпанијата оперираше со 57 авиони од моделот „747“, пред нив беше само „Japan Airlines“. Во моментов, авионите сочинуваат приближно 10% од вкупната флота.

Таа сега е сопственик на 31 авион со четири мотори со просечна возраст од 23 години.

Веста уследи откако „Qantas Airways“ во јуни објави дека веднаш ќе повлече шест од своите „Boeing 747“, шест месеци пред предвиденото.

„British Airways“ неодамна предупреди дека 12.000 работни места се изложени на ризик поради пандемијата и ударот кој го претрпе авио-индустријата. Акциите на „IAG“ се намалени за 65% од почетокот на годината.

Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (IATA) предвиде минатиот месец дека авиокомпаниите беа на пат да изгубат 84 милијарди долари во оваа година и уште 15 милијарди американски долари во 2021-ва година.

Во април, според податоците на „ИАТА“, воздушниот сообраќај се намали за повеќе од 90% во однос на претходната година. Се очекува 2020-та година да биде најлошата година во историјата на индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП