25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРастот на приходите на „Huawei“ забавува под притисок на САД

Растот на приходите на „Huawei“ забавува под притисок на САД

Кинескиот технолошки гигант „Huawei Technologies“ објави раст на приходите од 13,1% во првата половина од годинава, покажувајќи послаб раст, додека американските власти продолжуваат да вршат притисок врз добавувачите и клиентите на компанијата, пренесува „Reuters“.

Во првото полугодие, приходите се зголемија за 11,4% на 454 милијарди јуани (64,90 милијарди долари) од 401,3 милијарди јуани пред 12 месеци. Сепак, растот е помал од оној од 23,2% во првата половина на 2019-та година. Од „Huawei“ велат дека нето-профитната маржа е 9,2% во однос на 8,7% во првата половина на минатата календарска година.

Кинеската компанија го објави својот извештај еден ден пред британските власти да објават дали ќе му забранат на „Huawei“ да учествува во изградбата на телекомуникациските мрежи во земјата.

Растот на приходите од продажба на „Huawei“ беше постигнат и покрај притисокот на американските власти врз неговите добавувачи и клиенти повеќе од една година. Компанијата продава „5G“ мрежна опрема на телекомуникациските компании, како и паметни телефони и лаптопи на потрошувачите.

Во мај минатата година, американската влада ја стави „Huawei“ на „црната листа“, ограничувајќи ја продажбата на стоки изработени во САД, како што се чиповите. „Huawei“ има акумулирано акции и продолжи да дизајнира чипови што се произведени од „Тaiwan Semiconductor Manufacturing“ и други.

„Huawei“ вети дека ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон клиентите и добавувачите за да преживее, да продолжи да работи и да придонесува за глобалната дигитална економија и технолошкиот развој, без оглед со какви идни предизвици може да се соочи“, се вели во денешното соопштение на компанијата.

Во мај, американските власти воведоа нови правила насочени кон ограничување на можноста на „Huawei“ да се снабдува со чипови, што е клучно за нејзините напори во продажбата на „5G“ мрежна опрема.

Резултатите од првата половина од годината покажуваат побрз раст од податоците за првиот квартал, објавени во април. Приходите потоа се зголемија за 1% на 182,2 милијарди јуани, што е за 39% повеќе од претходната година. Нето маржата се намалила на 7,4% од 8% од пред една година.

„Huawei“ не објави колку паметни телефони има продадено во првото полугодие. „IDC“ објави дека „Huawei“ е вториот најголем производител на паметни телефони во првиот квартал од 2020-та година, со удел на пазарот од 17,8%, по „Samsung Electronics“, но пред „Apple“, кој е трет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП