5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFitch го намали кредитниот рејтинг на MOL

Fitch го намали кредитниот рејтинг на MOL

mol1

Агенцијата „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на „MOL“ од стабилен на негативен, потврдувајќи го актуелниот „БББ-“ за важечки долгорочен рејтинг на оваа унгарска нафтена компанија.

Како причини за намалувањето на рејтингот на „MOL“, „Fitch“ го наведува се поголемиот притисок на работењето на таа компанија во бројни подрачја, како и ограничениот простор да го зајакнува својот бизнис.

Меѓу притисоците на работењето на „MOL“, „Fitch“ ги наведува монетарните ресурси во Курдистан, кои се темел на стратегијата на компанијата за раст во производителниот дел на бизнисот. Имено, во тој сегмент „MOL“ е соочен со значителни капитални трошоци и продолжени рокови за развој и производство, кои би можеле да продолжат до 2018 година. Според оценката на „Fitch“, тоа би можело да ги одложи идните очекувања на доток на пари, а може да резултира со надминување на планираните трошоци за целиот проект.

Понатаму, „Fitch“ проценува дека ни приходите од производните операции и ЕБИТДА, кои паднаа во 2012 година, веројатно нема брзо да се опорават поради санкциите на западните држави кон Сирија и пролонгираниот конфликт во таа држава.

И околината во Унгарија, врзана со операциите за преработка и маркетинг, е под притисок на ниските маржи и слабата побарувачка. Меѓу другото, „Fitch“ наведува дека преголемите капацитети во европскиот сектор за преработка на нафта, како и загубата во секторот за преработка во Хрватска, создаваат додатни притисоци во работењето на „MOL“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП