8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВработените во Ford бараат компанијата да престане да прави полициски возила

Вработените во Ford бараат компанијата да престане да прави полициски возила

Вработените во Ford побарале од раководството на компанијата да престане со производство и продажба на полициски возила, пренесува The Verge.

Националните протести ги принудија некои вработени во Ford да ги преиспитаат односите на компанијата со полицијата.

Прашањето е поставено на неодамнешните состаноци на градскиот совет, а сега вработените, вклучително афроамериканските работници, кои се дел од програмата на Ford кои вработуваат луѓе со африканско потекло (FAAN), испратија писмо во кое се бара компанијата „да го прекине развојот, производството и продажбата на сите полициски возила и производи.

Другите вработени оттогаш го потпишаа писмото и сакаат компанијата да преземе некаков вид активности до 15 јули.

„Нашите ресурси мора да бидат пренасочени во другите форми на јавна безбедност“, напишаа вработените.

Извршниот директор на Ford, Џим Хакет, им порача на вработените во писмото дека не смета дека е „спорно што пресретнувачот на Ford им помага на полицајците да ја работат својата работа“ и дека Ford ќе продолжи да произведува и продава полициски возила.

Ford е водечки производител на автомобили во Америка кога станува збор за производство и продажба на специјално дизајнирани возила за спроведување на законот, сочинувајќи околу две третини од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП