19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате слаба концентрација? Пиете пиво, велат научниците

Имате слаба концентрација? Пиете пиво, велат научниците

Според новите истражувања, пивото би можело да игра значајна улога во подобрувањето на концентрацијата, но се тврди и дека може да го намали ризикот од деменција.

Истражувањата на јапонските научници доведоа до резултати кои покажуваат дека хмељот од пивото може да го намали нивото на стрес, а во исто време и да го подобри расположението.

Научниците од Медицинскиот факултет на универзитетот Џунтендо и Здравствениот центар Фукушима спровеле тестови на 100 здрави луѓе на возраст од 45 до 69 години. Некои добиле плацебо како дел од тестот, додека други примале дневна доза на MHBA (киселина од хмељ).

Сите испитаници кои пиеле пиво покажале знаци на подобра борба против губење на меморијата, што е една од последиците од деменција.

„Забележавме подобрена концентрација и намален стрес после невро-психолошките тестови кај учесниците кои добиле дополнителна доза на MHBA“, се вели во извештајот.

Студијата, објавена во списанието Alzheimer’s Disease, исто така откри дека MHBA може дури да го подобри енергетскиот метаболизам кај субјекти кои имаат проблеми со вишок килограми.

Ако овие тврдења и резултати се покажат како точни, во иднина би можеле да дојдеме до заклучок дека умерената потрошувачка на пиво всушност помага да го одржите своето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП