26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди

Акциите на Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди

Вредноста на акциите на американските технолошки компании Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди.

Акциите на Amazon пораснаа за два проценти откако технолошкиот гигант повторно ги отвори своите магацини во Франција, со што ја заврши сесијата достигнувајќи ја вредноста од 2.497,6 долари, што значи дека вкупната пазарна капитализација на оваа компанија надмина 1.245 милијарди долари.

Слична е ситуацијата и со Facebook, чии акции скокнаа по објавувањето дека ќе ја купат платформата за споделување анимации Giphy и најавата дека ќе започнат да се занимаваат со е-трговија.

Вредноста на акциите скокнаа претходниот ден за над шест проценти, на 230 долари за акција, со што пазарната капитализација на најголемата група на социјални мрежи достигна 655,2 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП