28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје со висока добивка за првиот квартал

Стопанска банка АД Скопје со висока добивка за првиот квартал

Во периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 година Стопанска банка АД Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 606.764 илјади денари, што претставува зголемување за 1,1% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.

Нето приходите од камати изнесуваат 928.968 илјади денари додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 187.397 илјади денари и се намалени за 28,7% во однос на крајот од првиот квартал во 2019 година.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 16,5%, додека останатите расходи од дејноста намалување за 27,7%.

Трошоците за вработени на СБ за првиот квартал од 2020 година изнесуваат 220.736 илјади денари.

Во анализираниот период, СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 177.741 илјади денари, соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Не е забележана загуба поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП