7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways поклонува 100.000 бесплатни патувања на здравствените работници

Qatar Airways поклонува 100.000 бесплатни патувања на здравствените работници

Qatar Airways им доделува 100.000 бесплатни авио билети на сите здравствени работници ширум светот во знак на благодарност за нивната херојска посветеност за време на пандемијата од COVID-19.

Билетите ќе бидат достапни за резервирање на Меѓународниот ден на медицински сестри/ техничари, со што компанијата се заблагодарува, како што истакнува, за херојскиот чин на посветеност на здравствените работници ширум светот.

Бесплатни билети ќе бидат достапни за резервирање од 12 до 18 мај оваа година.

Здравствените работници можат да се пријават за оваа специјална понуда на страницата qatarairways.com/ThankYouHeroes, така што ќе поплнат формулар и ќе добијат специјален промотивен код, а на основа на системот “кој прв се пријави”.

Здравствените работници од целиот свет остваруваат право на бесплатни карти, а со цел компанијата да овозможи транспарентен и фер начин на доделување на картите, секоја земја ќе добие одреден број на билети, во зависност од популацијата на државата, распоредено во период од седум дена, од 12 до 18. мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП