27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер јунајтед и Арсенал може да играат во Лигата на шампионите следната...

Манчестер јунајтед и Арсенал може да играат во Лигата на шампионите следната сезона

Манчестер јунајтед и Арсенал би можеле да играат во Лигата на шампионите следната сезона, и покрај нивниот актуелен пласман во Премиер лигата, доколку сезоната не заврши.

УЕФА веќе вети дека ќе развие методолошки насоки за распределување на местата во евротурнирите, доколку тие не се во можност да ги играат преостанатите натпревари од сезоната 2019/20. „Сан“ тврди дека УЕФА ќе ги распредели позициите во Лигата на шампиони и Лига Европа, врз основа на клупскиот рејтинг.

На тој начин, ако сезоната во Премиер лигата не заврши, тогаш во Лигата на шампионите ќе играат Манчестер Сити (112.000), Ливерпул (99.000), Манчестер Јунајтед (92 000) и Арсенал (91 000). Доколку Арбитражниот суд не ги укине санкциите против Манчестер Сити, тогаш местото на „граѓаните“ ќе го заземе Тотенхем (85.000).

На табелата следуваат екипите на Челси (83.000) и Лестер (22 000), кои во ова сценарио ќе бидат во Лигата на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП