недела, јануари 24, 2021
6 °c
Skopje
4 ° нед
1 ° пон
-2 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,712.70 -0.34%    BESK 6,100.00 0.81%    GRNT 1,147.49 -1.02%    KMB 7,670.00 -0.32%    KPSS 350.00 -21.35%    MPT 74,000.00 0.63%    STB 1,173.28 0.51%    TEL 319.00 -0.02%    TNB 18,800.00 0.03%    TTK 1,400.00 -1.41%    
Почетна ИНТЕРВЈУ

Дејан Мишковски – Gevino Wines со приказна за себе, посебно доживување, нешто кое што секој треба да го искуси!

април 20, 2020
во категорија ИНТЕРВЈУ, НАЈНОВИ ВЕСТИ
A A
Дејан Мишковски – Gevino Wines со приказна за себе, посебно доживување, нешто кое што секој треба да го искуси!
33
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Благодарение на Gevino Wines македонското вино денес е многу подостапно до македонскиот потрошувач. Овој наш вински бренд кој доаѓа од реномираната гевгелиска винарија Риго Импекс последниве две години ни овозможува уникатно персонализирано потрошувачко искуство. Со својата прифатлива цена, со доставата до домовите, вината на Гевино се сѐ почесто присутни во нашите домови, ресторани, овозможувајќи ни да уживаме во вкусот на квалитетните македонски вина. По тој  повод разговараме со Дејан Мишковски, млад и успешен претприемач кој е најодговорен за развој на овој наш бренд.

Денар: Од каде идејата за Gevino Wines персонализирани македонски вина?

Идејата дојде од потребата да креираме едно поинакво искуство за потрошувачите. Да креираме персонализирано винско искуство прилагодено кон потребите и желбите на потрошувачите. Да предизвикаме позитивни емоции, а истовремено да потикнеме почеста консумација на македонско вино, како производ кој има многу бенефити за здравјето.

Сакавме да постигнеме препознатливост, нудејќи вино по одлична цена и квалитет, а сето тоа збогатено со персонално искуство. Токму овој пристап ни овозможи постојано да имаме континуиран раст, луѓето да се одлучуваат за нашите вина и секојдневно да ги употребуваат. Моментално можат да се најдат во повеќе од 200 маркети и ресторани ширум Македонија, во линија од 4 типа на вино, Вранец, Смедеревка, Розе и Мерло соодветно амбалажирани во асортиман од над 10 производи за задоволувње на сечиј вкус и потреба.

Денар: За кого се наменети овие вина, и какви се реакциите на луѓето?

Нашите вина се наменети за сите оние кои што препознаваат квалитетно вино, кои сакаат добро вино, а што преферираат персонализирано винско искуство. Гевино вината нудат спој на функционалните и емотивните карактеристики. Преку креативните етикети кои се out of the box, потрошувачите можат и самите да учествуваат во нивната персонална креација, и на таков начин да бидат дел од нивната винска проказна

Најголем дел од потрошувачите кои веќе имаат нарачано вино од нас се враќаат повторно, го препознаваат нашиот труд и квалитетот на нашите производи, а по наши сознанија тие се веќе наши лојални потрошувачи и на нашите вина од нашата редовна линија.

Денар: Колку трае еден циклус, од нарачка до изработна на лична етикета па до достава?

Нашиот тим е во постојана комуникација со нашите потрошувачи и наш врвен приоритет е квалитетот и експедитивноста, а наша најголема грижа е секој еден клиент да биде апсолутно задоволен од неговиот избор. Па затоа, вообичаено нарачките се подготвени и доставени во рок од 1 работен ден. Кога станува збор за персонализирани вина наменети за маркети, вообичено нарачките се подготвуваат една недела пред да почне доставата, односно секогаш се стремиме вината да бидат достапни минимум една недела пред настанот за кој се наменети се со цел потрошувачите да имаат доволно време да дознаат за истите и да можат навремено да ги купат.

Денар: Променувате т.н. паметен или content маркетинг колку ваквиот пристап ви помага во развојот на бизнисот?

Како млад тим секогаш се трудиме да бидеме во тренд со светските случувања, постојано сме посветени на обуки и семинари како во нашата држава, така и надвор од неа, па затоа сметам дека воопшто не ни претставува проблем да го таргетираме точно она за кое што сметаме дека нашата публика е најзаинтересирана. Преку користење на сите социјални мрежи како и на нашата веб страна www.gevino.com.mk,  се трудиме да допреме до што поголема целна група, на начин на којшто секој оној што ќе го види постот да не остане рамнодушен. Содржините се секогаш различни и се од секаков тип, од едукативни до забавни, за најмлади до највозрасни, од консументи на вино за забава до страствени љубители на добра чашка. Фидбекот е позитивен, често сме споделувани, нешто на кое што сме особено горди, а дури понекогаш можеме да ги видиме нашите идеи користени и од други компании.

Денар: Редовното и умерено консумирање вино носи многу здравствени придобивки. Неретко се вели дека го продолжува и нашиот животен век. Кој е вашиот совет за потрошувачите?

Придобивките од умерено консумирање на квалитетно вино се огромни, и со самото тоа, виното по своето позитивно влијание на човечкиот организам не може да се спореди со ниту еден друг вид на пијалок. Виното е полно со витамини и минерали од кои најистакнати се витамините А, Б и Ц, а од минералите магнеизум и натриум. Хранливата вредност во еден литар вино изнесува најчесто помеѓу 600-800 калории. Како дел од придобиките можам да набројам:

  • Го намалува нивото на вкупен холестерол
  • Ги подобрува когнитивните способности
  • Го зголемува имунитетот и отпорноста на организмот од болести
  • Антиоксидансите со кои е богато ги обновуваат оштетените крвни садови
  • Ги штитат забите и сл.

Кога на сето ова ќе додадеме и дека консумацијата на виното со храна како риба, црвено месо, сирење, или пак во комбинација со разновидно овошје е вистинско уживање, тогаш препораката за консумација на вино е повеќе од доволна.

На крај да не заборавиме и дека виното важи за пијалок на боговите.

Денар: Кое вино од Гевино Ви е вам омилено?

Често се наоѓам во ситуација да ме прашаат кое вино е најубаво и најквалитетно. Јас сметам дека се зависи од тоа какво вино се преферира и за каква прилика, дали и со каква храна ќе се консумира и слично. Сметам дека секое вино од нашиот асортиман е одличен избор, праказна за себе, посебно доживување, нешто кое што секој треба да го искуси пред да донесе одлука за неговиот избор. Сепак, јас лично, најмногу преферирам црвено вино, поточно Гевино Мерло. Истото во зимски услови го комбинирам со црвено месо, а на лето со полесна храна, односно најчесто со разновидни слатки овошја.

Тагови: винагевинодејандоставамакедонијатрпеза
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Нови 18 случаи на коронавирус, тројца починати, 21 излекувани

Следна Објава

Опасна операција го крева Шумахер на нозе?

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели
ТЕХНОЛОГИЈА

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
81

Apple ги намали нарачките од добавувачите за најевтиниот модел на новата генерација на iPhone 12 mini, но ги зголеми нарачките...

Прочитај повеќе
Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)
АВТОБИЗ

Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

јануари 24, 2021
264

Американецот Дастин Порие го победи Ирецот Конор Мек Грегор во главната рунда на УФЦ 257 во Абу Даби. Пори го...

Прочитај повеќе
Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока
ЕКОНОМИЈА

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

јануари 24, 2021
118

Трошоците за испорака на стоки од Кина во Европа се зголемија повеќе од тројно во последните осум недели, достигнувајќи рекордно...

Прочитај повеќе
„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)
АВТОБИЗ

„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

јануари 24, 2021
136

Пред пет години, кинескиот производител „Great Wall“ објави дека го создава премиум брендот „Wey“. Тој започна со неколку модели, но...

Прочитај повеќе
„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“
ТЕХНОЛОГИЈА

„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

јануари 24, 2021
147

Откако „Huawei“ ја продаде својата поделба „Honor“, брендот сега може самостојно да развива и да соработува со американски компании, а...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

јануари 24, 2021
Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

јануари 24, 2021
„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

јануари 24, 2021
„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

јануари 24, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Убива 50 болести: Додадете го овој зачин во чајот и ќе го добиете најсилниот лек

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што предвидуваа луѓето пред 100 години, како ќе биде во 2021 година?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Вистини и заблуди за газираната вода: Дали таа е навистина толку лоша за здравјето?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Со овие броеви освоил повеќе од милијарда долари на лотарија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 23-24.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 23-24.01.2021

јануари 23, 2021
1.5k
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.6k
Следна Објава
Опасна операција го крева Шумахер на нозе?

Опасна операција го крева Шумахер на нозе?

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани