3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПорасна профитот на банката JP Morgan Chase

Порасна профитот на банката JP Morgan Chase

jpmorgan1

Американскиот банкарски гигант „JP Morgan Chase“ во вториот квартал забележа раст на профитот од 31 процент, предупредувајќи дека економското закрепнување, сепак, е неизвесно.

Профитот на „JP Morgan Chase“ во три месеци, заклучно со јуни, изнесувал 6,5 милијарди долари во однос на минатогодишната заработка од пет милијарди долари, а приходите достигнале 25,2 милијарди долари во однос на 22,2 милијарди долари од минатата година, пренесува агенцијата Франс Прес.

Заработката во секторот за корпоративно и инвестициско банкарство пораснала за 19 проценти, на 2,8 милијарди долари.

Резултатите се поволни и поради тоа што банката во минатата година имала загуба од 4,4 милијарди долари поради дебаклот во Лондон, кога еден брокер, наречен „Лондонски кит“, направил огромна загуба во инвестицискиот центар на банката.

Извршниот директор на банката, Џејми Димон, наведува дека економското заздравување е релативно бавно.

„Растот на кредитирање ширум банкарските индустрии и понатаму е слаб и ја отсликува претпазливоста на клиентите, на бројните мали претпријатија и корпорации. Меѓутоа, гледаме и некои знаци дека американската економија се опоравува и се надеваме дека со тек на време, со зајакнување на довербата, додатно ќе напредува“, вели Димон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП