17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко редовно го земате овој витамин, за вас нема грижи!

Ако редовно го земате овој витамин, за вас нема грижи!

Имунитетот во екот на епидемија ни е најважен, затоа е неопходно да се фокусираме на подобрување на здравствената состојба за да не го доведеме својот организам во опасност и да ја “навлечеме” короната.

Покрај изолацијата, здравата исхрана и што е можно повеќе течности, лекарите советуваат и редовно да земаме витамин Д.

Лекарите објаснуваат зошто тој е толку значаен во борбата против овој злобен вирус:

Кај оние кои поминуваат многу време во затворен простор, може да се појави недостаток на овој витамин. Со оглед на тоа што најголем извор е сонцето, суплементите се пожелни во овој случај, и единствено на тој начин ќе го обезбедите во доволни количини.

Витаминот Д игра значајна улога во многу функции на организмот. Кога ќе се појави дефицит, телото станува поранливо и помалку отпорно на болести и вируси. Со редовна примена, имунитетот се зајакнува, а со самото тоа и телото станува поотпорно на вируси.

Речиси и да нема истражување кое не го утврдило неговиот позитивен ефект. Така, витаминот Д го намалува нивото на лошиот холестерол, помага во заштита од шеќерни болести и заболувања на срцето, ја ублажува болката поврзана со фибромијалгија, штити од сенилна макуларна дегенерација на окото (главна причина за слепило кај постари лица), ги ублажува симптомите на псоријаза, ја подобрува машката плодност, го намалува ризикот од кариес, рак на дебелото црево, малигниот облик на рак на кожата, агресивниот карцином на дојка, рахитис, остеопороза и депресија.

Експертите препорачуваат помеѓу 400 и 800 меѓународни единици (IU) на витамин Д на ден за да се задоволат потребите на организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП