26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер преговара за нов договор

Венгер преговара за нов договор

venger

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер започна преговори за нов договор со „топџиите“. Како што е познато актуелниот договор на францускиот стратег истекува во 2014-та година. Тоа доведе и до бројни шпекулации дека следното лето Венгер може да се врати во својата татковина и да го преземе ПСЖ или Монако.

„Ме поврзуваат со ПСЖ, бидејќи сум Французин и го познавам сопственикот на клубот. Ако само тоа беше доволно, веќе ќе бев таму. Моето срце му припаѓа на Арсенал. Сакам да останам во клубот и по 2014-та“, изјави Венгер.

„Веќе водам преговори со Иван Газидис. Тие се одвиваат многу добро, без никакви пречки“, истакна менаџерот.

Самиот Газидис кој е извршен директор на лондонскиот клуб, исто така рече дека клубот сака да го задржи Венгер со нов повеќегодишен договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП