20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалдано го менува Леонардо во ПСЖ?

Валдано го менува Леонардо во ПСЖ?

Jorge-Valdano-kandidat-att-ta-over-som-sportchef-for-Paris-Saint-Germain

Поранешниот спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано најверојатно ќе го замени Бразилецот Леонардо на позицијата спортски директор во францускиот првак ПСЖ.

Весникот „Ле Паризиен“ објави дека Валдано е прв на листата на „светците“ за наследник на Бразилецот, особено што има големо искуство од водење на голем фудбалски клуб. Аргентонецот долги години беше директор на „кралевите“, но поради недоразбирањата со Жозе Мурињо мораше да си замине од „Сантијаго Бернабе“ во 2011-та година.

ПСЖ остана без спортскиот директор Леонардо, откако тој доби 13 месеци суспензија поради нападот над судијата на мечот со Валенсиен пред крајот на минатата сезона. Првично Бразилецот доби казна од девет месеци, но по жалбата неговата казна беше зголемена.

Леонардо беше најзаслужен за изградба на ПСЖ во фудбалски гигант, откако успеа во клубот да доведе голем број звучни имиња, а тоа резултираше и со титулата во француското првенство оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП