29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 најдобри деловни совети на Ворен Бафет

5 најдобри деловни совети на Ворен Бафет

Ворен Бафет е американски инвеститор, бизнисмен и филантроп. Роден е на 30 август 1930 година во Омаха (Небраска, САД), каде и живее.

Познат е како шеф на компанијата Berkshire Hathaway. Се смета за еден од најуспешните инвеститори во светот со проценето богатство од 88,9 милијарди долари. Сето тоа го прави четврта најбогата личност во светот.

1. Инвестирајте во компании во кои верувате.

„Многу е подобро да се купи одлична компанија по фер цена отколку фер компанија по одлична цена“, писмо до акционерите, 1989 г.

2. Цената и вредноста не се секогаш исти: Не плаќајте премногу.

„Цената е она што го плаќате. Вредноста е она што го добивате“, писмо до акционерите, 2008 година.

3. Угледот е сè.

„Потребни се 20 години да се изгради углед и пет минути да се уништи“, CNBC, 2017 година.

4. Бидете скептични. Ако нешто изгледа премногу добро за да биде вистинито…

„Едноставно правило го диктира моето купување: Бидете исплашени кога другите се алчни, и бидете алчни кога другите сe во страв“, New York Times, 16 октомври 2008 година.

5. Не инвестирајте во нешто што не го разбирате.

„Важно е да знаете што знаете и што не знаете“, Haaretz, 23 март 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП