4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодароците на Барса вредни 200 милиони евра

Подароците на Барса вредни 200 милиони евра

zlatko

Трансферот на Давид Вилја од Барселона во Атлетико за малку над 5 милиони евра, и тоа платени по три сезони  минати од договор со тимот од „Ноу Камп“, натера многумина приврзаници на каталонскиот клуб да ја сметаат оваа операција за катастрофална.

Барса пред три години на Валенсија и плати за напаѓачот 40 милиони евра, а приход од овој трансфер имаат речиси од само 2.1 милион евра. Многумина го нарекуваат тоа „подарок“, откако шампионите го продадоа Вилја со речиси 38 милиони евра загуба.

Тоа сепак не е единствената операција која донела значителни финансиски штети за клубот. Ниту е најлошата. Пред две лета Златан Ибрахимовиќ се врати во Италија по само една година престој во Барселона. Во 2009-та година дојде од Интер за 69.5 милиони евра, а во 2010-та се врати во Милано за да го облече дресот на „росонерите“ за сума од 45.5 милиони евра помалку, односно за 24 милиони. Случаите на Ибра и Вилја се застрашувачки, но не се единствените.

За Тиери Анри беа платени 27 милиони евра, а беше пуштен да си замине без никаква компензација. Слична беше ситуацијата со Габриел Милито (19 милиони евра), Александар Хлеб (16 милиони), Сејду Кеита (14 милиони) и Едујр Гудјонсен (12 милиони). Одделно заслужува да биде споменат Кеирисон де Соуза, за кого беа дадени 14 милиони евра, а и така не игра за Барса. Од Мартин Касерес беа изгубени 13.5 милиони евра, а од Дмитро Чигрински – 10 милиони.

Другата страна е проблемот се профитот за последната деценија, затоа што само половина од трансферите се со над 5 милиони евра профит.

Од Јаја Туре пример беа заработени 15 милиони – купен беше за 9 милиони од Монако и продаден за 24 милиони на Манчестер Сити. Од Марк ван Бомел, пристигна како слободен агент, беа земени 7 милиони евра, од Џовани дос Сантос – 6 милиони, а од Орион Ромеу и Луис Гарсиа – по 5 милиони. Листата ја дополнуваат Олегер Пресас (4.5 милиони), Хефрен Суарез (3.75 милиони евра), Серхио Гарсиа (3 милиони), Фернандо Наваро (1.5 милиони) и Тиаго Мота (1 милион).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП