20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако правилно да ја наместите столицата за да не ви страда 'рбетот...

Како правилно да ја наместите столицата за да не ви страда ‘рбетот додека седите

Дури и користењето на скапа столица која држи идеална положба на тело во текот на подолг период, не значи дека нема да чувствувате болка во грбот. Проблемите со ‘рбетниот столб кои настануваат по долго седење може да доведат до сериозни состојби чие лечење подразбира подолго отсуство од работа. Сепак, постојат некои корисни навики кои спречуваат болка во коските и мускулите поради долгото седење.

Прво и основно правило е избегнување подолги интервали во седечка положба. Дури и ако во случај менаџментот на компанијата обезбеди удобни столчиња, предолгото седење е сигурен пат до болести.

Експертите советуваат да станувате секој час и да правите паузи кои траат до пет минути. Ако е неопходно да имате важен деловен состанок, најдобро е да го направите во движење. Наместо вообичаена комуникација на имеил и пораки, усниот разговор има многу посилни ефекти на работа, но и на здравјето на вработените.

Луѓето кои работат од дома честопати немаат соодветен канцелариски мебел за извршување на работата од осум до 10 часа дневно. Многумина вршат работни задачи користејќи кујнски столици. Долгото седење во такви услови е уште поопасно за ‘рбетот и мускулите. Работата на фотелја или кауч е често примамлива, но таквата позиција на телото на подолг период е уште поопасна за ‘рбетот.

Пред да користите нова столица, треба да разберете како функционира. За држењето да биде правилно, неопходно е поголемата површина на телото да биде во контакт со столицата.

Правилното седење подразбира грбниот потпирач да биде прицврстен на ‘рбетот. Кога поставувате висина, неопходно е нозете цврсто да се потпираат на подот. Ако лесно ги ставате рацете под бутовите, тогаш столчето е поставено премногу ниско. Кога не можете да достигнете со рацете под бутовите, столот мора да се спушти, пишува Guardian.

Рацете се одмараат на специјални потпирачи кои се користат при станување.

Човечките мускули прилично брзо се уморуваат, па затоа честото станување е единствениот начин природно да се опуштите и одморите. Движењето е основен предуслов за одржување на здравјето на организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП