21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОнлајн банката N26 поради Брегзит целосно се повлекува од Британија

Онлајн банката N26 поради Брегзит целосно се повлекува од Британија

Излегувањето на Британија од Европската унија има сериозни последици за работењето на германската интернет банка N26. Поради лиценцата што недостасува, берлинскиот стартап целосно се повлекува од кралството.

Сметките на корисниците таму истекуваат на 15 април, објави берлинската компанија. N26 има европска лиценца за банкарство која по Брегзит во Велика Британија повеќе нема да се применува на основа на Договорот за повлекување.

N26 тврди дека во Велика Британија има „неколку стотици илјади“ клиенти, а според пишувањата на BBC, околу 200.000. Минатата година, компанијата објави дека добива по околу 1.000 британски клиенти дневно.

N26 сега се фокусира на раст во дури 24 други европски земји и САД, како и за подготовки за влез на нови пазари, соопшти компанијата.

Во наредните недели, од купувачите во Велика Британија ќе биде побарано да ги префрлат средствата на други сметки. Повеќето вработени во Велика Британија би требало да се преселат на нови позиции во компанијата.

Според сопствените изјави, N26 има повеќе од пет милиони клиенти во повеќе од дваесет земји. Во САД – каде стартапот работи од септември 2019 година, во соработка со Axis Bank последните неколку месеци освоија повеќе од 250.000 клиенти.

Компанијата последен пат е проценета на 3,5 милијарди долари и се смета за највредниот германски стартап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП