20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеонардо си поднесе оставка

Леонардо си поднесе оставка

leonardo

Леонардо ја напушта функцијата на спортски директор во  ПСЖ, а до крајот на август нема да е веќе на чело на клубот.

Поранешниот бразилски репрезентативец издржува казна од 13 месеци, откако си дозволи да турне судија во тунелот за време на полувремето на еден натпревар во текот на мај.

Првично казната му беше девет месеци, но потоа се искачи на 13, што практично тој ќе биде надвор од целата следна сезона.

„Жалиме за овој избор кој Леонардо го направи, но ја почитуваме неговата одлука и му посакуваме се најдобро во иднина”, беше коментарот од ПСЖ.

Казната на Леонардо истекува на 30 јуни 2014-та, ПСЖ пак ќе ја стартува новата сезона со минус три поени поради тој инцидент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП