29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилијардер, сопственик на тим во Formula 1, презема удел во Aston Martin

Милијардер, сопственик на тим во Formula 1, презема удел во Aston Martin

Канадскиот милијардер Лоренс Строл, сопственик на тимот Racing Point F1, ќе стекне околу 20 проценти удел во Aston Martin за околу 263 милиони долари, пренесува Reuters.

Проблематичниот британски производител на автомобили се обидува да собере средства за да ги смени лошите деловни резултати забележани поради послабата продажба на возила отколку што се очекуваше.

Компанијата планира да собере вкупно 500 милиони фунти, нудејќи им на постојните големи акционери да купат дополнителни акции со право на глас.

Строл ќе се приклучи на бордот на директори на Aston Martin како извршен претседател. На таа позиција тој ќе го замени Пени Хјуз, кој ќе си даде оставка, соопшти компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП