20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle плаќа милиони за откривање софтверски грешки

Google плаќа милиони за откривање софтверски грешки

Google минатата година плати повеќе од шест милиони долари на хакерите кои откриваа безбедносни пропусти.

Во 2019 година, компанијата исплати многу убави суми на луѓето кои откриле грешки во нејзиниот код, па така 461 “мајстори” собрале награди во вкупна висина од 6,5 милиони долари во рамките на Google програмата Vulnerability reward, додека најголемата индивидуална исплата изнесува 201.000 долари.

Google вели дека минатата година за откривање грешки платил повеќе во однос на 2018 година, а најмногу пари потрошил за Google програмата (2,1 милиони),  Android (1,9 милиони), Google Chrome (еден милион) и Google Play (800.000).

Износот на награди за грешки кои треба да бидат откриени во 2020 година, повторно ќе се зголеми, а најатрактивна е наградата за откривање грешки која овозможува далечинско извршување на кодот со влијание на безбедносниот чип на Titan M во Pixel телефоните, бидејќи изнесува ни помалку ни повеќе  од цел милион долари.

Со други зборови, ако први откриете баг за Titan M, можете да станете милионер преку ноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП