29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle купува удел во Vevo

Google купува удел во Vevo

vevo

Компанијата Гугл е подготвена за 50 милиони долари да преземе околу 10 отсто акции на видео каналот Вево, кој функционира во рамки на ЈуТјуб.

Договорот меѓу Гугл и Вево каналите, кои ги основаа издавачките куќи Сони и Универзал, се уште не е склучен, но според нив Вево ќе има обврска да дистрибуира стотици милиони музички клипови и спотови на ЈуТјуб, пренесува британскиот весник Гардијан.

Вево лани имал договори за дистрибуција со Фејсбук и Виаком, кој е во сопственост на МТВ мрежата и кој има заеднички онлајн видео сервис со издавачката куќа Ворнер Мјузик, за да се зголемат приходите на оваа индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП