27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент загрижен поради правата на граѓаните по Брегзит

Европскиот парламент загрижен поради правата на граѓаните по Брегзит

Европскиот парламент изрази загриженост за почитувањето на човековите права по Брегзит, особено кога станува збор за европските граѓани кои живеат во Велика Британија.

Во резолуцијата донесена од мнозинството (610 „за“, 29 „против“ и 68 „воздржани“), европратениците изразија загриженост поради барањата за постојан престој поднесени во Велика Британија.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари, по што ќе следи транзиционен период до крајот на годината за време на кој ќе се применуваат европските закони.

Европскиот парламент наведе дека голем број на европски граѓани кои аплицирале за статус на постојан престој во Велика Британија добиле привремен престој, и дека таквиот став на британската администрација создава неизвесност и непотребна загриженост меѓу тие граѓани.

Се осудува недостатокот на средства за помош на лицата вклучени во таа постапка.

Европратениците, исто така бараат од британската влада да разјасни како се добива постојан престој за граѓаните на ЕУ кои се наоѓаат во Северна Ирска и кои не поднеле барање за британско државјанство според договорот во Белфаст.

Еден голем дел од договорот за поделба на Велика Британија и ЕУ се однесува на правата на граѓаните кои се директно засегнати од Брегзит, а тоа е 3,2 милиони европски граѓани во Велика Британија и 1,2 милиони Британци во остатокот од ЕУ.

Претседателот на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен вчера изјави пред гласањето за резолуцијата дека околу 2,5 милиони европски граѓани кои живеат во Велика Британија веќе аплицирале за престој. Таа изјави дека повеќето добиле доказ за право на престој, и изрази загриженост поради оние на кои им е речено дека треба да направат дополнителни оправдувања, иако живееле во земјата 40 години и повеќе.

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, вчера изјави дека Европската комисија ќе посвети особено внимание на административните бариери за европските граѓани кои живеат во Велика Британија. Тој и Фон Дер Лајен се залагаат за формирање на независно тело за надзор на тие прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП