1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТиери Анри нов тренер на Барселона

Тиери Анри нов тренер на Барселона

По Ернесто Валверде, тренерската функција во фудбалскиот клуб Барселона ќе ја извршува Французинот Тиери Анри.

Оваа „бомба“ на весникот „Спорт“, утрово ги разбуди жителите на најголемиот каталонски град, а информацијата е врз основа на тоа дека Анри бил миленик на управата, додека договорот на Валверде му истекува во јуни, и веројатно нема да му биде продолжен.

Анри три сезони играше за Барселона заедно со Меси, Пике и Бускетс кои уште се во клубот, во тимот има многу Французи, добро стои и со директорот и сонародник Ерик Абидал, но нема големо искуство како тренер. Неуспешно го водеше Монако, беше помошник во репрезентацијата на Белгија, а сега седи на клупата на Монтреал импакт од МЛС лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП