22 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако до совршена фигура? Вежбајте само 20 минути дневно

Како до совршена фигура? Вежбајте само 20 минути дневно

Многу познати ѕвезди велат дека за нивниот добар изглед се заслужни секојдневните вежби од само 20 минути. Но, дали е тоа точно? Американските експерти го потврдуваат тоа, тие велат дека се доволни само 20 минути за да го постигнете саканиот ефект, но тие 20 минути треба да се состојат од тешки вежби, преку кои вие треба да го дадете максимумот од вас.

Денес животот се одвива со премногу брзо темпо, па ретко кој од нас може да одвои секој ден по еден час за во теретана. Сепак, според експертите по фитнес, решение за одлична фигура, е секојдневно вежбање по 20 минути.

Според американските фитнес експерти, 20 минутни интензивни вежби се еднакви на 45 минути вежби со помал напор. Сепак, тие советуваат дека мора да бидете во форма за да го применувате овој начин на вежбање, бидејќи од вас се бара високо ниво на физичка издржливост.

„Не смеете веднаш да почнете со тешки и исцрпувачки вежби. Најпрво почнете со лесни вежби, а потоа прогресивно зголемувајте го темпото“, советува експертот за фитнес Стив Барет.

Ајде на вежбање, затоа што навистина вреди да потрошите 20 минути дневно за да имате совршено тело!!!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП