20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШпанскиот суд му забрани на Ryanair да го наплаќа багажот

Шпанскиот суд му забрани на Ryanair да го наплаќа багажот

Судот во Шпанија вчера донесе одлука дека правилото за наплата на рачен багаж на нискобуџетната авиокомпанијата Ryanair е „навредливо“. Ова правило не смее да се применува во Шпанија.

Се работи за правило кое компанијата го воведе кон крајот на минатата година, а потоа еден патник поднесе тужба против нив. Правилото вели дека на повеќето патници се наплаќаат дополнително пари поради внесување поголем багаж во кабината на авионот.

Патничката која ги тужела била принудена да плати казна од 20 евра, затоа што без да плати билет по посебна цена го внела својот багаж од 10 килограми во кабината. Летала на релација Мадрид – Брисел.

Ryanair, како рачен багаж дозволува само мали торби кои можат да стојат под седиштето кое е пред патникот.

Авиокомпанијата соопштила дека и покрај пресудата нема да ги промени своите правила, додека судот нареди оваа одредба да биде отстранета од нивните правила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП