29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на British Airways го купува шпанскиот ривал

Сопственикот на British Airways го купува шпанскиот ривал

Матичната компанија на British Airways, International Airlines Group (IAG) постигна договор со Iberia да го купи шпанскиот ривал Air Europe за милијарда евра.

Во соопштението IAG наведува дека купувањето ќе биде завршено до крајот на 2020 година, доколку го одобрат регулаторите за заштита на конкуренцијата, пренесува AP.

IAG очекува со ова купување да ја претвори својата база во Мадрид во „вистински конкурент“ на главните воздухопловни центри во Европа – Амстердам, Франкфурт, Лондон и Париз.

Во соопштението се додава дека со преземањето на контролата над Air Europe, групацијата, исто така очекува да воспостават летови помеѓу Европа и Латинска Америка и Карибите.

Air Europe управува со флота од 66 авиони и лета на 69 дестинации во Шпанија и пошироко. Како една од најголемите светски авиокомпании, IAG лета на 268 дестинации со 573 авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП