3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИConergy AG – нова жртва на војната со соларни панели

Conergy AG – нова жртва на војната со соларни панели

conergy1

Германската компанија „Conergy AG“ е најновата жртва на трговската војна околу соларните панели, која веќе однесе десетина илјади работни места во најголемата европска економија.

Хамбуршката компанија денес прогласи банкрот и наведе дека се надева дека ќе пронајде инвеститори кои ќе ја продолжат нејзината работа, пренесува агенцијата АП.

„Conergy AG“, која вработува 1,200 работници, е специјализирана компанија за планирање и инсталација на соларни системи.

Повеќе од една четвртина од работните места, околу 24,000, во некогаш ветувачката индустрија на соларни панели во Германија се затворени од 2011 година, а приходите во таа област минатата година се намалени на 7,34 милијарди евра во однос на 11,9 милијарди од 2011 година. За ваквата криза во овој индустриски сектор се виновни увозните панели кои се произведуваат во Кина и кои се пласираат на европскиот пазар.

Пред извесно време избувна трговската војна помеѓу Европската унија и Кина, а соларните панели произведени во Кина кои имаат многу ниски цени беа причина за воведување на царина од страна на ЕУ, со цел да се заштитат европските производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП