7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic го зголемува капиталот на Gorenje

Panasonic го зголемува капиталот на Gorenje

gorenje_podgorica

Словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Gorenje“ постигна договор за стратешко парнерство со јапонскиот гигант „Panasonic“.

„Врз основа на договорот за партнерство „Panasonic“ во „Gorenje“ ќе инвестира 10 милиони евра и ќе стане трет најголем сопственик“, изјави директорот на „Gorenjе“, Фрањо Бобинац.

„Gorenje“ во соопштението наведува дека партнерството со „Panasonic“ е историски момент во нивните стратешки планови за развој.

Се предвидува на почетокот од соработката „Gorenje“ и „Panasonic“ заедно да ја развиваат новата генерација машини за перење облека за пазарите во ЕУ, а фрижидери со знакот на „Panasonic“ ќе се дистрибуираат во Русија и другите земји од поранешна СССР.

Предвидена е и можност за заедничка дистрибуција на апарати за домаќинство од двете компании.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП