9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ официјално го продолжи Брегзит до јануари 2020 година

ЕУ официјално го продолжи Брегзит до јануари 2020 година

ЕУ го одобри продолжувањето на Брегзит до 31 јануари 2020 година, објави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Туск, кој ја објави одлуката на Твитер, изјави дека одлуката ќе биде формализирана и во писмена форма.

Потсетуваме, премиерот Борис Џонсон побара од Брисел да го продолжи рокот за излегување на Велика Британија од европскиот блок, откако беше принуден од парламентот.

Формално, Џонсон побара одложување во писмото испратено до центарот на ЕУ, откако парламентот гласаше за договорот кој тој го постигна со Унијата, но не и законските регулативи кои се потребни за спроведување на тој план, што е услов наметнат со закон кои британските пратеници го усвоија неколку дена пред гласањето за договорот.

Велика Британија сè уште може да го напушти блокот пред 31 јануари, доколку Џонсон собере доволен број гласови на пратеници за усвојување и договор и потребните закони за негово спроведување.

Според одлуката која Туск ја објави денес, излезот ќе биде формализиран на први од месецот во кој беше донесен договорот, што значи дека доколку биде усвоен во ноември, датумот на излез би бил 1 декември. Доколку биде усвоен во декември, датумот на излегувањето би бил 1 јануари 2020 година.

Исто така, ако Британија би останала во ЕУ и после 31 октомври, европскиот блок би побарал од Лондон да предложи кандидат за новата Европска комисија, соопштија дипломатски извори.

Рокот пред продолжувањето беше 31 октомври 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП