27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтказ за 800 работници: Банката со програма за намалување на трошоците

Отказ за 800 работници: Банката со програма за намалување на трошоците

Шведската Handelsbanken објави дека ќе укине 800 работни места и дека ќе се повлече од Азија и Германија, како дел од програмата за намалување на трошоците.

Портпаролот на шведската банка Матс Олсон изјави дека со отпуштањето ќе бидат опфатени вработени и консултанти, од кои повеќето од нив се надвор од Шведска.

Целта на банката е намалување на трошоците поради критиките за трошењето во врска со дигитални услуги и проширувањето во странство. Оваа банка инвестираше многу во борбата против финансискиот криминал и перењето пари.

Банката, чие седиште се наоѓа во Стокхолм, соопшти дека планира да ги намали годишните трошоци за околу 155 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП