27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер „Златната топка“ би му ја дал на Мане

Венгер „Златната топка“ би му ја дал на Мане

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, рекол дека според него оваа година наградата „Златна топка“ треба да ја добие Садио Мане.

Реномираниот „Франс Фудбал“ со децении му ја доделува оваа престижна награда на најдобриот играч во сезоната. Венгер смета дека Сенегалецот од Ливерпул сезонава е пред конкурентите.

Медиумите шпекулираат дека кандидатите за „Залтната топка“ ќе бидат истите оние што беа во конкуренција и во изборите на УЕФА и ФИФА. Наградата на УЕФА ја доби Вирџил ван Дајк, а ФИФА го награди Лионел Меси.

Скратениот список на фудбалерите кои ќе конкурираат за „Златната топка“ ќе биде објавен в понеделник. Садио Мане треба да биде на тој скратен сиписок.

„Мане беше сјајен и покажа карактер. Тој е борец и многу е ефикасен. Не се плаши од никого и верувам дека ја заслужил оваа награда“, рекол Венгер.

Мане минатата година во Лигата на шампионите постигнал четири гола и ја освои титулата со Ливерпул. Исто така Сенегалецот беше еден од тројцата најдобри стрелци во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП