11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic ја затвора фабриката во Унгарија

Panasonic ја затвора фабриката во Унгарија

panasonic1

„Panasonic“ ќе ја затвори единствената негова фабрика за соларни ќелии во Европа, во Унгарија, со што истовремено ќе бидат затворени и 550 работни места.

Фабриката во Унгарија ќе престане со работа во септември, а официјално ќе биде затворена во март наредната година, изјави потрпаролот на „Panasonic“, пренесува агенцијата Франс прес.

Компанијата наведува дека ќе го заджи вкупното глобално ниво на производтво на соларни ќелии така што производството од Европа ќе го префрли во Јапонија и Малезија.

Одлуката за затворање на унгарската фабрика, „Panasonic“ ја донесе на основа на намалувањето на европскиот пазар за соларни ќелии, делумно поради намалувањето на владините субвенции.

Пазарот на соларни ќелии во Јапонија, од друга страна, е во пораст, благодарение на програмите за стимулација на обновливата енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП