20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСите канцеларии на Thomas Cook ги купува неговиот најголем ривал

Сите канцеларии на Thomas Cook ги купува неговиот најголем ривал

Сите 555 канцеларии на туристичката агенција Thomas Cook се префрлаат во рацете на ривалот Hays Travel. Со овој потег ќе бидат спасени 2.500 работни места.

Независната туристичка агенција објави дека купува канцеларии откако минатиот месец е објавен банкротот на Thomas Cook.

Hays веќе регрутира 421 поранешни вработени од Thomas Cook и се надева дека ќе спаси илјадници работни места, објави BBC.

Оваа компанија, исто така, планира повторно да ги отвори сите канцеларии што е можно поскоро.

– Thomas Cook е многу сакан бренд, кој вработува талентирани луѓе. Со нетрпение очекуваме да работиме со нив – изјавија Џон и Ирена Хејс, директори на компанијата.

Hays Travel моментално има 190 канцеларии низ Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП