19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите на Барселона заработиле дури 92 милиони евра бонуси

Фудбалерите на Барселона заработиле дури 92 милиони евра бонуси

Фудбалерите на шпанскиот гигант Барселона минатата сезона заработиле дури 92 милиони евра од бонуси. Барселона минатата сезона го освои Шпанското првенство и Суперкупот. Во Лигата на шампиони загуби од Ливерпул во полуфиналето, додека во Купот на кралот во финалето загуби од Валенсија.

Фудбалерите на Барселона заработија два милиони евра бонуси повеќе од претходната сезона, и три милиони евра повеќе од 2015 година кога ги освоија ЛШ, шпанското првенство и купот.

Финансискиот извештај открива и дека клубот потрошил 541 милиони евра за трошоци во сите свои спортски тимови, од кои 311,9 милиони евра на тренери и играчи од првиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП