7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP планира да отпушти 9000 работници

HP планира да отпушти 9000 работници

HP објави дека поради реструктуирање кое е планирано за фискалната 2020 година, планира да отпушти помеѓу 7.000 и 9,000 работници, целта е да се поедностават деловните процеси, бидејќи сакаат да станат повеќе дигитално ориентирана компанија.

Во овој потег HP гледа значајна можност да се оствари додадена вредност за сопствениците на акции. Во индустриското опкружување кое брзо се менува, потребна е агресивна деловна трансформација и HP се стреми да стане уште повеќе ориентирана кон клиентите, што се постигнува низ иновативни и дигитално ориентирани деловни процеси.

Реструктуирањето би требало да биде завршено до 2022 година, а ќе ја чини компанијата околу милијарда долари (околу 100 милиони долари во фискалната 2019 година, 500 милиони долари во фискалната 2020 година и по 200 милиони долари секоја во фискалните 2021 и 2022 година). На вработените за тоа време ќе им биде понудена и можност за доброволна пензија, со цел да се намали бројот на лица кои компанијата ќе мора да ги отпушти.

Резултатот кој се очекува со овој потег е дека по 2022 година, HP ќе ги намали трошоците за околу милијарда долари, на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП