4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla би можеле да испорачаат над 100.000 возила во последниот квартал од...

Tesla би можеле да испорачаат над 100.000 возила во последниот квартал од 2019 година

Tesla овој последен квартал од 2019 година би можеле да испорачаат дури 100.000 возила.

Тоа секако би бил рекорд на овој американски производител кога е во прашање доставата на автомобили.

Имено, на интернет се појави меил во кој Илон Маск им го испратил на сите работници во неговата компанија. Тој во меилот навел дека целта на компанијата е овој квартал да испорача околу 110.000 автомобили.

„Имаме шанса во овој квартал да испорачаме над 100.000 возила! Тоа сигурно би било големо достигнување за нашата компанија и сите нас“, навел Маск.

Tesla претходниот рекорд во испорака на возила го направи во вториот квартал оваа година. Тогаш ширум светот се доставени 95.200 возила.

На зголемувањето на бројот на доставени модели секако влијае и тоа што Model 3 од неодамна е достапен и на австралискиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП