27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни: Да ни беше Гвардиола селектор сè ќе освоевме

Руни: Да ни беше Гвардиола селектор сè ќе освоевме

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни смета дека неговата генерација ќе ги освоела сите трофеи доколку имала тренер каков што е Пеп Гвардиола.

Руни со националниот тим учествувал на шест големи натпреварувања. И покрај тоа што неговата генерација поседуваше исклучителен квалитет, Англија никогаш не отишла подалеку од четврт-финалето.

„Ја гледам Англија со возбуда и среќен сум кога победува“, рекол Руни и дополнил.

„Кога ќе го погледнете нашиот тим од пред десет години, немате сомнеж дека тоа е најдобриот тим во светот. Рио Фердинанд, Џон Тери, Ешли Кол, Стибен Џерард, Полс Сколс, Френк Лампард, Дејвид Бекам, јас, Мајкл Овен. Да ни беше Гвардиола ќе освоевме се“, заклучил Руни.

Вејн Руни на залезот од својата кариера игра во Вашингтон. За Англија одиграл 120 натпревари и со 53 гола е најдобриот стрелец во историјата на националниот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП