25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche се обиде да забрза до 145 км на час и да...

Porsche се обиде да забрза до 145 км на час и да застане на палуба на носач на авиони (видео)

Oд премиерата на електричниот Porsche Taycana не дели уште еден ден, а германскиот производител во пресрет на дебито на својот прв електричен модел одлучи да изведе интересна атракција за промовирање на перформансите на овој автомобил, особено во однос на забрзувањето и сопирањето.

Електричната лимузина пристигна на американскиот носач на авиони USS Hornet чија палуба е долга 265 метри. Планирано беше Taycan да забрза од место до 145 км на час и потоа да запре пред да му снема простор на палубата, а зад воланот е жена – професионален возач на трки Шиа Холбрук.

Секако, се работи за маркетиншки зафат па затоа е сосема јасно дека Porsche успеа во својата намера, а за целиот маневар беа доволни 10,17 секунди и 222,8 м писта на палубата:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП