8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбрадовиќ најскапо платен тренер, но само во Европа

Обрадовиќ најскапо платен тренер, но само во Европа

obr

Откако одмараше една сезона, српскиот кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ седна на клупата на Фенербахче. Со тоа тој стана најдобро платениот кошаркарски тренер во историјата во Европа. Според пишувањата на турските медиуми неговата плата би изнесувала три милиони евра годишно.

Многу? Па кога ќе се спореди со платите на американските тренери, таа е ситница!

Фил Џексон работеше во ЛА Лејкерс  за 11 милиони долари по сезона, Док Риверс минатиот месец премина од Бостон во ЛА Клиперс и за три години ќе земе 21 милион долари. Но не само овие звучни имиња се меѓу најплатените во Америка и тренерите кои ги водат тимовите во Колеџ лигата земаат многу повеќе од најголемите европски тренери. Рик Питино работеше за скоро двојно повеќе отколку што ќе зема Обрадовиќ, тука и е Мајк Крижевски, но и неколкумина кои се непознати имиња на пошироката јавност.

Обрадовиќ инаку требаше да биде првиот Европеец кој ќе предводи НБА екипа. Но желбата на Детроит и останатите беа со многу страв. Американците така скептични беа и кон европските играчи се до крајот на осумдесетите и доаѓањето на пионерите Петровиќ, Сабонис,Дивац…

Сепак, тренерскиот пионер се уште се чека.

Стравот кај американците е навистина чуден, затоа што ако некој знае да се прилагоди на играта, тоа е токму Обрадовиќ. Тој со четири од петте клуба од три држави кои досега ги водел, бил европски првак. Со Партизан во 1992-та година, Хувентуд 1994-та година, Реал 1995-та година и Панатинаикос 2000-та,2002-та,2007-та,2009-та и 2011-та година. Единствено Бенетон не успеа да го доведе до врвот во Европа.

Спортското друштво Фенербахче одлучи да вложува во кошаркарскиот клуб откако фудбалскиот е исфрлен од Европските натпреварувања. Сепак тоа не значи дека фудбалот ќе биде запоставен, но Обрадовиќ ќе има поголема плата од фудбалскиот тренер Ерсун Јанал.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП