19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКрвни групи кои комарците најмногу ги сакаат

Крвни групи кои комарците најмногу ги сакаат

Ако отсекогаш сте се прашувале зошто сте склони кон каснување од комарци повеќе од вашите пријатели, тоа може да биде затоа што имате одредена крвна група.

Во спроведените студии комарците најчесто ќе слетаат на телото на луѓе со крвна група тип О, дури во 83 проценти од случаите. Споредено, комарците најмногу ги привлекуваат оние со крвна група тип А во 46,5 проценти од времето.

Покрај вашата крвна група, научниците откриле и многу други фактори кои можат да ве направат уште повкусни за комарците. Овие инсекти често ги ловат своите жртви придружено со ослободување на јаглерод диоксид. Преку јаглерод диоксид, комарецот е во состојба да почувствува дека сте цицач со вкусна крв што тече низ вените и колку е поголем излезот на јаглерод диоксид (во превод колку е побрз вашиот метаболизам), поголема е веројатноста дека ќе бидете избрани за следна жртва од страна на комарците.

Студија од 2000 година откри дека жените во бременоста двојно повеќе ги привлекуваат комарците. Исто така, ако се занимавате со физички активности кои го забрзуваат вашиот метаболизам лесно ќе ги привлечете комарците.

Со трчање и вежбање на отворено во текот на летните месеци очекувајте и убод од комарец, бидејќи амонијакот и млечната киселина кои се наоѓаат во потта ги привлекува комарците. Покрај тоа, зголемената телесна температура после трчање особено ги привлекува овие инсекти, така што вршењето на било каква физичка активност надвор не може да помине без барем едено каснување. Имајќи го тоа во предвид заштитете се добро пред да го напуштите домот. Тоа можете да го направите така што ќе носите светла облека, испрскајте се со парфем или спреј против комарци пред да излезете. Исто така, ќе ви помогне ако избегнувате вежби во природа.

Некои од природните производи кои треба да ги нанесете на кожата, а кои ќе ви помогнат во избегнување на комарци се сок од лимон и еукалиптус, јаболков оцет, кромид. Меѓутоа ако веќе ве каснал, јогурт и мед можат да ви бидат од корист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП