1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot отвори фабрика во Кина

Peugeot отвори фабрика во Кина

peugeot1

Францускиот производител на автомобили „Peugeot Citroen Group“ отвори нова фабрика во централниот дел на Кина, со цел да го зголеми уделот на најголемиот светски пазар за автомобили.

Фабриката во градот Вухан ќе има годишен производствен капацитет од 300,000 возила, наведоа од „Peugeot Citroen“, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Peugeot Citroen“ на домашниот пазар се бори со реструктуирањето, бројните откази и затварањето на големи фабрики, а минатата година ревидираше и рекордна загуба од пет милијарди евра, по што мораше да добие државна помош.

Кина стана многу важен пазар за светските производители на возила со оглед на количината и темпото на раст, додека европските пазари се во пад поради долготрaјната должничка криза.

Новата фабрика, која е заедничка инвестиција на „Peugeot Citroen“ и кинеската компанија „Dongfeng Motor“, ќе овозможи раст на вкупниот производствен капацитет на компаниите од 450.000 до 600.000 автомобили годишно, како и 750,000 во 2015 година.

Во фабриката во Вухан ќе се произведуваат два модели, „Citroen c-elisee“ и „Peugeot 301“, а растот на производството ќе им овозможи на „Peugeot Citroen“ и „Dongfeng Motor“ да го зголемат заедничкиот пазарен удел во Кина на пет проценти до 2015 година.

Во Кина минатата година беа продадени 19,31 милиони возила, а групацијата „Peugeot Citroen Group“ продаде 442,000 автомобили на тој пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП