9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате температура? Лековите не се секогаш пожелни

Имате температура? Лековите не се секогаш пожелни

Иако повеќето тоа не го почитуваат, земањето антипиретици за намалување на температурата предизвикана од вируси не е препорачливо.

Вирусите природно ја активираат одбраната на организмот, а температура до 38 степени е знак дека организмот почнува своја борба со инфекцијата. Намалувањето на температурата со лекови ја намалува одбраната на организмот, а на тој начин само се продолжува болеста. Само ако температурата е повисока од 38,5 степени треба да се користат лекови, посочуваат виролозите.

Земањето „аспирин“ исто така може негативно да влијае на текот на болеста, предизвикувајќи потешки компликации, кои доведуваат до привремени невролошки симптоми, односно оштетување на централниот нервен систем. До овој несакан исход доведува комбинација “аспирин” и вирус, при што вируленцијата, односно инфективноста на вирусот се менува, што го прави поопасен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП