8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ300 калории помалку дневно за подобро метаболичко здравје

300 калории помалку дневно за подобро метаболичко здравје

Научниците откриле дека намалувањето на дневниот калориски внес за 300 калории би било доволно за подобрување на биомаркерите за метаболичкиот синдром како што е висок крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта, вишок на масни наслаги во пределот на стомакот и високо ниво на триглицериди и холестерол во крвта.

За да се дојде до оваа констатација, истражувачите ги споредиле биомаркерите на две групи, на млади возрасни лица кои не биле дебели – првата група се придржувала до нормалниот дневен калориски внес, додека втората група во која биле 143 лица имала намален внес на калории (во просек околу 300 калории дневно помалку). Истражувањето траело две години и покажало дека во текот на овој период учесниците од втората група изгубиле во просек 7,3 килограми (главно масти).

По две години умерено ограничување на калориите, кај учесниците во истражувањето дошло до подобрување на биомаркерите, дури и ако пред почетокот на истражувањето тие биле во границите на нормалата, што секако доведува до намалување на ризикот од дебелеење, кардиоваскуларни болести и дијабетес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП