29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon под лупа на ЕК: Соработуваат во антимонополски истраги

Amazon под лупа на ЕК: Соработуваат во антимонополски истраги

Компанијата Amazon тврди дека “во целост” ќе соработува со Европската комисија, која започна анти-монополска истрага за работењето на гигантот за електронска трговија.

Во соопштението Amazon додава дека компанијата ”ќе продолжи да работи на поддршка на компаниите од сите големини и ќе им помогне да растат”.

Извршното тело на Европската унија изјави дека првичните наоди укажуваат на тоа дека Amazon собира податоци за продавачите кои ја користат нивната платформа во бизнисот, нивните производи и трансакции на оваа платформа, како и дека “изгледа користат чувствителни информации на начин што штети на конкуренцијата”.

Компанијата со седиште во Сиетл постигнала договор со германските регулаторни органи на пазарот, ветувајќи дека ќе ги редефинира условите на продавачите на услуги кои ги користат нејзините платформи.

Во меѓувреме, слична истрага за деловните практики на Amazon спровеле и австриските антимонополски институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП