26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер со итни мерки за привлекувањето на Лукаку

Интер со итни мерки за привлекувањето на Лукаку

Претставниците на италијански Интер ќе патуваат до Островот оваа недела за да го договорат привлекувањето на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромели Лукаку, вели „Скај Спортс“.

Долго време има интерес од „нероазурите“ за белгискиот стрелец, но досега двата тима не успеаја да се разберат.

Стравовите на гигантот од Милан се Белгиецот да не биде привлечен од нивниот голем противник, Јувентус. Токму поради тоа, тимот ќе преземе итни мерки за да може да го привлече во своите редови.

Јунајтед сака да добие 75 милиони фунти за својот играч. Тој има договор до 2022 година. Но, неговата желба е да го напушти „Олд Трафорд“ и да оди во тим кој ќе биде прв избор на тренерот.

Во моментов, белгискиот репрезентативец е на турнеја со своите соиграчи во Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП