6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСвежо кисело млеко без вештачки додатоци од Здравје Радово?

Свежо кисело млеко без вештачки додатоци од Здравје Радово?

zdravje-radovo

Само свежото млеко е добро млеко, велат од фабриката Здравје Радово откривајќи ни го традиционалниот бабин рецепт како од млеко измолзено денес, ќе направиш кисело млеко и јогурт за утре. Што е потазе млекото тоа е подобар производот велат од компанијата. Македонските фармери знаат дека ефектот за квалитет се постигнува доколку млекото се донесе на време, тазе измолзено, затоа и така практикуваат, веднаш го носат во откупните центри на Здравје Радово.

Свежото млеко изобилува со хранливи состојки, со калциум и витамини, и претставува одлична основа за создавање квалитетни кисело млечни производи.

Содржи казеин (белковина која се наоѓа во млекото) кој во комбинација со есецијални масни киселини придонесува за ферментација на тазе одбраното млеко, од кое се добива кисело млеко и јогурт. Овие производи на Здравје Радово изобилуваат со добри бактерии, кои се услов за создавање на цревната флора во дигестивниот тракт како и за полнење со енергија на клетката и стимулација на метаболизмот, пред се од лактозата –млечен сече, кој кај свежите кисели продукти е од дневно потекло.

Овој начин на правење кисело млеко и јогурт го знаеле и нашите баби и дедовци уште пред развојот на современата технологија за производство на овие два продукти. Токму традиционалните методи во комбинација со современа технологија, а пред се со користење на свежо, е она по што се разликуваат производите на Здравје Радово од другите млечни продукти.

Откупот на млекото е од внимателно одбрани македонски фарми, од каде млекото преку комплетниот ладен систем се пренесува во капацитетите на Здравје Радово, а веќе утредента е на трпезата на макеоднските потрошувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП